Проклет да биде среќа да не виде
кој прв започна.
Кој прв започна љубов да води
две срца да страдаaт.
Често со него се среќавам
срце ми трепери,
срце ми трепери душа не ми дава
како да му прозборам.
Во Струмица на улица
пред него излегов
грбот ми го сврте и тивко ми рече:
„Јас не те сакам.
Јас си заљубив друго либе
заљуби си и ти“.
Очи насолзени, срце натажено
отидов далеку
проклет да биде среќа да не виде
кој прв започна.
Кој прв започна љубов да води
две срца да страдаат.
Original